Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата
- Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.
Скопје, 6 март 2023
Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26тата седница на Советот.
Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.
Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи.
За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.
Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.
Универзална сала е симбол на Скопје, симобл на солидарноста кој е изграден по земјотресот преку донации од десеттици држави. Генерации скопјани израснале со настани во Универзалната сала.
Затоа, ги повикуваме и советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.
Ние како советничка група продолжуваме да бидеме конструктивна опозиција во Град Скопје која се бори за интересите и потребите на градот и сите негови жители.
Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ