• петок, 22 ноември 2024

Јанушев: Потребни се системски промени и реформи во правосудството

Јанушев: Потребни се системски промени и реформи во правосудството
Скопје, 1 јули 2020 (МИА) - Носителот на листа на изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во емисијата “И што сега“ на Македонската телевизија нагласи дека се потребни системски промени и реформи во правосудството. -Таму, потенцира, се потребни системски промени и како резултат на тоа ние во нашата програма еден огромен дел од овие 360 страници е посветен токму на реформи во правосудството. Оцени дека ова е од круцијално бидејќи е поврзано и влијае на секој сегмент во нашето општество. Исто така, рече, „да не заборавиме дека сите овие 30 години од независноста на Македонија впрочем правосудството и неуспехот на сите досегашни влади да направат реформа и да го постават правосудството на вистински здрави темели беше камен на сопнување“. -Една од главните мерки кои што ги планираме е реорганизација, односно напушатање на ова што го направија со начинот на изборот на судии и јавни обвинители, односно сите оние измени кои што ги предвидоа во Академијата за судии и јавни обвинители за што впрочем имавме негативно мислење во извештајот на ГРЕКО, или на кратко кажано успеа да извршат партизација на работата и изборот во Академијата и последните денови повторно сме сведоци како оди целата таа постапка таму. Значи тоа мора да го напуштиме и да ја вратиме Академијата онака како што беше трасирана да ги избира најквалитетните, најдобрите со интегритет, луѓе кои што понатаму ќе бидат обвинители и судии, рече Јанушев. Најави и законско решение и меѓусебно делување на јавното обвинителството со Државната комисија за спречување на корупција, бидејќи, како што рече, тој во овој момент ДКСК дефакто е само еден орган кој што ја утврдува фактичката состојба. -Значи овде ќе направиме една реформа со која би се прошириле овластувањата на Антикорупциска и таа би делувала во корелација со јавното обвинителство се со цел за сите овие работи кои што се изнагледавме во изминатиот период конечно да се решаваат, посочи Јанушев. Наведе дека ќе ставиат стоп на застарените побарувања, каде што, како што вечо, народот буквално со години се измачува. Мораме да го реафирмираме уставното право на секој од нас за домување, односно домувањето да има приоритет пред  какво било парично побарување во некои од постапките.скс/хс/    
 

Остани поврзан