• петок, 05 декември 2025

Јанта Волеј КВ на 4.ноември домаќин на францускиот Волеро Ле Кане

Јанта Волеј КВ на 4.ноември домаќин на францускиот Волеро Ле Кане

Скопје, 31.октомври 2025 (МИА) - Македонскиот женски одбојкарски шампион Јанта Волеј КВ откако испиша историја успешно минувајќи ја првата пречка во ЦЕВ Лигата на шампионите (Гацко од БиХ), го продолжува настапот во најсилното европско натпреварување.

Клубот објави дека во рамките од третото коло од квалификациите на 4 ноември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го пречека следниот противник – францускиот претставник Волеро Ле Кане. Почетокот на дуелот е во 18 часот.

Како и за првиот натпревар пред домашната публика, така и во овој дуел влезот во салата „Јане Сандански“ ќе биде слободен за сите симпатизери на клубот и љубители на одбојката. Реванш дуелот од оваа фаза Јанта Волеј КВ ќе го игра на 13 ноември на гостински терен. мн/

Фото: ОФМ

Остани поврзан