• петок, 22 ноември 2024

Јаневска – Рокас: Соработката со ЕУ е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени

Јаневска – Рокас: Соработката со ЕУ е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) -  Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала  средба со новоакредитираниот амбасадор на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Како што информира МОН,  Јаневска му се заблагодарила на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на ЕУ во процесот на реформирање на националниот образовен систем и на  средбата ги претставила тековните активности и планот за поквалитетно образование на сите нивоа.

–Стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен стимул и значаен фактор на кохезија за македонските граѓани, кои пак, од нас како Влада очекуваат современо и модерно образование. Истрајни сме во определбата да ги реализираме промените кои ги претставивме на почетокот на нашиот мандат. Оптимизам и решителност постои, а соработката со Европската Унија е од суштинско значење за остварување на зацртаната цел, истакнача Јаневска на средбата.

Евроамбасадорот Рокас укажал на подготвеноста на ЕУ „и понатаму да биде посветен партнер на државата во градењето современ образовен систем, кој ќе образува европски граѓани“. хс/са/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан