• понеделник, 23 декември 2024

Јавен собир на преспанските овоштари во Ресен

Јавен собир на преспанските овоштари во Ресен

Ресен, 10 септември 2022 (МИА) - Преспанските овоштари на јавен собир во Ресен ги информираа овоштарите од тој крај за динамиката на исплатата на надоместокот за претрпени штети врз овошните насади од невреме град и мраз.

На собирот што се одржа на градскиот плоштад „Цар Самоил“, овоштарите беа известени дека посебната сметка на Општина Ресен уплатени се 50 насто од предвидените средства за надомест од претрпени штети во 2016 година.

-Преспанските овоштари се задоволни од исплатата на 50 насто од предвидените средства за 2016 година, но тоа сепак мора да биде направено во целост. Од владата ни е ветено дека тоа ќе биде направено до крајот на годината, но ние бараме тоа да биде направено час поскоро бидејќи наскоро почнува бербата на јаболката, а нашите трошоци секојдневно растат. За жал воопшто не се исплатени средствата за 2017 и 2018 година, како и за 2021 година кои се во административна процедура, истакна Љубе Пампулевски, член на организацискиот одбор.

На собирот во Ресен се обратија и овоштарите Стевче Радевски и Турџан Зејнеловски кои заедно со останатите овоштари бараат целосно исполнување на 11 барања доставени на 16 август годинава до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. мт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан