Јавен повик за доделување финансиски средства од Општина Битола за спортски клубови, здруженија и спортисти за 2024 година
- СООПШТЕНИЕ - Општина Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општината на спорт6ски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Скопје, 12 јули 2024
Општина Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општината на спорт6ски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:
да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
да ја реализираат програмата за развој на спортот;
да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
да се грижат за унапредување на младите категори;
да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;
своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;
Начинот за пријавување е опишан во јавниот повик достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sport-2024/, а пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.07.2024 година и трае заклучно со 29.07.2024 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка.
Финансиската поддршка согласно ПРОГРАМА за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2024 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Општина Битола
_________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива