Ѕвездата на Доналд Трамп во Холивуд, повторно вандализирана
- Тоа се случило завчера, кога 50.000 луѓе протестираа во најпознатиот дел на Лос Анџелес. Обележјето било целосно покриено со црна боја, а одоколу се испишани пцовки и навреди на сметка на Тра

Лос Анџелес, 9 јуни 2020 (МИА) - Ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп на Патеката на славните во Холивуд, беше вандализирана во протестите против расизмот и полициската бруталност во САД.
Тоа се случило завчера, кога 50.000 луѓе протестираа во најпознатиот дел на Лос Анџелес. Обележјето било целосно покриено со црна боја, а одоколу се испишани пцовки и навреди на сметка на Трамп.
Пред да стане политичар, Трамп беше бинисмен и имаше свое реално шоу, односно беше ТВ-ѕвезда. Неговата ѕвезда на Патеката на славните ja доби во 2007 година. Обележјето беше неколкупати вандализирано од политички неистомисленици. си/
