• вторник, 01 октомври 2024

Ѓурѓај присуствувал на поставувањето камен-темелник на Македонската православна црква во Берлин

Ѓурѓај присуствувал на поставувањето камен-темелник на Македонската православна црква во Берлин

Дебар, 16 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Македонско друштво „Илинден” - Тирана, Никола Ѓурѓај присуствувал на свеченото поставување на камен-темелник на Македонската православна црква посветена на „Свети Климент Охридски“ во Берлин, Германија.

Тој за МИА потврди дека присуствувал на покана на Централниот совет на Македонците во Германија, заедно со Македонски Клуб „Илинден” - Латзен, кои се партнерски организации на друштвото.

- Посебна чест, гордост и задоволство ми беше како претставник на нашето друштво и како претставник на Македонците од Албанија да бидам дел од овој свет чин, поставувањето камен темелник на овој божји храм. Ги пренесов поздравите од нас Македонците во Албанија до нашите браќа и сестри во Германија, додава тој.

Тој посочи дека остварил куса, но многу срдечна средба со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и со владиците кои го придружувале.

- Престојот во Берлин го искористив и за средба со претставниците на партнерските организации кои ги запознав со актуелните случувања во Албанија поврзани со нас Македонците. Договоривме заеднички активности во иднина, посочи Ѓурѓај за МИА.вт/бт/

Фото: Друштво „Илинден" 

Остани поврзан