Ѓорѓиевски: Токму од овде, од Кисела Вода, ќе почне големата победа за Скопје!
- „Го споделивме нашиот план и визија за ново, современо и достоинствено Скопје. Кажавме убав збор, си подадовме рака за поддршка и заеднички тргнуваме по патот кон победата. Мојата работа и посветеност за Кисела Вода почитувани, не завршува тука!“, соопшти доцна вечерва Ѓорѓиевски.
Скопје, 10 октомври 2025, (МИА) -Вечерва, со нашите тимови бевме меѓу мојот народ во Кисела Вода, дома, таму каде што сè започнува, соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој со своите следбеници сподели дека во Кисела Вода се чувствува најдобро, дека се наоѓа меѓу луѓето што веруваат во него, во работа и во иднина.
„Го споделивме нашиот план и визија за ново, современо и достоинствено Скопје.
Кажавме убав збор, си подадовме рака за поддршка и заеднички тргнуваме по патот кон победата.
Мојата работа и посветеност за Кисела Вода почитувани, не завршува тука!“, соопшти Ѓорѓиевски.
Тој вети дека со поддршка од градот Скопје конечно ќе биде довршен булеварот ,,Борис Трајковски”, дека ќе се реши деценискиот проблем со Усјанскиот канал со негова целосна реконструкција и покривање, населбите ќе бидат поврзани преку пробивање на ,,Есенинова”, ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Народни Херои”, дека ќе биде изградена нова катна гаража и уште многу други проекти!
„Токму од овде, од Кисела Вода, ќе почне големата историска победа! За Скопје што го сакаме. За градот што го заслужуваме.“, напиша Ѓорѓиевски на својот ФБ профил.