• петок, 22 ноември 2024

Ѓорѓиевски: Рамномерното инвестирање овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини

Ѓорѓиевски: Рамномерното инвестирање овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини

Скопје, 27 септември 2024 

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата “Партизан” во Чаир. Најавија дека овој спортски објект, кој оставен на забот на времето, се наоѓа во катастрофална состојба, ќе биде темелно реновиран и повторно ќе го врати својот сјај. Претседателот Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерот Борко Ристовски за неговиот ангажман за рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот, што овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини.

-Особено ме радува фактот што покрај култната сала “Расадник” во Кисела Вода и овој спортски објект ќе биде темелно реконструиран и повторно ќе го врати својот сјај. Реновирањето на салата “Партизан” ќе значи многу за сегашните и идните спортисти. По завршувањето на градежните активности, ќе добиеме репрезентативен објект, што ќе создаде услови за подобро спортување и развој на младите таленти. Сакам да упатам голема благодарност до Министерот Борко Ристовски за посветената работа и за вниманието што го посветува на рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот. Овие инвестиции не само што овозможуваат обнова на спортската инфраструктура во сите општини, туку и создаваат услови за развој на здравa и активнa младина, која е темел на нашата иднина-изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода 

___________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан