• вторник, 14 мај 2024

По изградбата на фекална канализација, се асфалтираат улиците во Градинар во Кисела Вода

По изградбата на фекална канализација, се асфалтираат улиците во Градинар во Кисела Вода

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на почетните активности за асфалтирање на улиците во населбата Градинар.

Како што информира Општина Кисела Вода, околу 900 граѓани кои тука живеат, пред извесно време добија фекална канализациска мрежа. Согласно ветувањето, потегот на површина од околу 12.000 квадратни метри ќе биде и целосно асфалтиран, со што се заокружува целиот проект.

- Од улицата „1“ почнуваме со градежниот зафат за асфaлтирање на улиците во населбата Градинар. Во изминатиот период овде работевме на изградба на фекална канализациска мрежа, па фекалните води сега завршуваат во изведените колектори по булеварот „Србија“ и покрај Усјанскиот канал, а на населението му овозможивме достоинствени услови за живот, какo што треба и мора да биде во 21-от век, изјави Ѓорѓиевски. 

До крајот на годината улиците во населбата Градинар, како што рече, односно површина од околу 12.000 квадратни метри, ќе бидат опфатени со асфалтирање и конечно ќе го заокружиме овој проект, кој уште пред многу години требало да биде приоритетен. мд/ев/

Фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан