• петок, 22 ноември 2024

Ѓорѓиевски: ООУ ,,Рајко Жинзифов” и ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби

Ѓорѓиевски: ООУ ,,Рајко Жинзифов” и ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска бил во посета на ООУ „Рајко Жинзифов" во Драчево каде објавил дека за десетина дена ќе пристигне опремата за сензорните соби во овие две основни училишта.

Како што информираа од Општина Кисела Вода, се работи за целосно опремување со сензорно осветлување со смирувачко дејство и реквизити. 

- Денес бев во посета на училиштето ,,Рајко Жинзифов” кое заедно со ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби. Во овој момент течат финалните подготовки на просториите за кои веќе е нарачана опремата составена од реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување со смирувачко дејство кои ќе пристигнат за десеттина дена. Со овие две нови, како и во ,,Партенија Зографски” за кое бараме соодветна просторија за преадаптација, го завршуваме циклусот на обезбедување на сензорни соби во сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода. Останува уште ООУ ,,Климент Охридски” за кое веќе се подготвува проект за целосно нов објект и веднаш после изградбата ќе добие исто така, сензорна соба, изјавил градоначалникот на општина Кисела Вода.

Инклузијата на лицата со посебни потреби, нагласил тој, стои високо на листата на моите приоритети и правиме сериозни чекори во практикување на нивен еднаков третман во образовниот систем, како и во сите сфери на општеството.

- За две години од мојот мандат, дечињата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава имаат соодветни услови за образование. Мојата грижа за нив е континурана и секогаш ќе биде, бидејќи тие заслужуваат еднаков третман. Тука не застануваме, Кисела Вода е за сите луѓе!, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски. цр/лв/

Фото:Општина Кисела Вода

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан