Ѓорѓиевски: Континуирано вложуваме во подобро образование
- Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска промовираше неколку проекти за реконструкција на централното и подрачно училиште „Круме Кепески". Како што информира Општината, се работи за промена на под, нови училници, тоалети за децата со попреченост,...
Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска промовираше неколку проекти за реконструкција на централното и подрачно училиште „Круме Кепески". Како што информира Општината, се работи за промена на под, нови училници, тоалети за децата со попреченост,...
Ова, изјави Ѓорѓиевски, не е прва инвестиција во училиштето.
-За време на мојот тригодишен мандат, училиштето доживеа целосна преродба. Денес повторно промовираме неколку проекти во „Круме Кепески”. Се работи за изведување градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница. Како новитет, во подрачното училиште е изграден тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина. Инвестициите продолжија и во централното училиште каде целосно опремивме две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници. Поставен е и нов под, кој со години не беше променет, истакна градоначалникот.
Претходно, потсети, во централното училиште беше изграден нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште,...
-Тука не застануваме, продолжуваме да ја градиме иднината на младите таква каква што ја заслужуваат, изјави Ѓорѓиевски. мч/нд/
фото: Општина Кисела Вода