• вторник, 11 март 2025

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште една нова градинка

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште една нова градинка

Скопје, 11 март 2025

Денес, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, изврши увид во градежните активности на детската градинка "Верверичка", кои се во завршна фаза. Оваа нова градинка во населбата 11 Октомври Згради, ќе се протега на 525м2, во кои ќе има 4 занимални и една поголема просторија предвидена за сала за приредби и свечености. Согласно предвидената динамика на градба, треба да биде завршена до мај оваа година и ќе обезбеди квалитетни услови за предучилишно образование за преку 110 дечиња.


Градоначалникот нагласи дека создавањето на можности и  услови за позитивен ран детски развој е еден од клучните приоритети на Општина Кисела Вода. 
-Кога започнавме со работа, во општина Кисела Вода имавме листа од над 400 деца кои чекаа за упис во градинка. Денес, таа бројка е намалена на околу 40, благодарение на новите градинки кои ги отворивме и на проширувањето на капацитетите на постојните.  Во изминатите три години, направивме интервенции во вкупно 9 објекти. Со изградбата на "Верверичка", како и со завршувањето на новата градинка во Расадник и во Потстаница, општината веќе се движи кон целта да ја елиминира комплетно листата на чекање. Мојата визија е јасна- за секое дете од општината да има место во градинка. Овие проекти, како и инвестициите во опремувањето на градинките, ќе овозможат услови за креативен и стимулативен развој на најмладите- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Детската градинка "Верверичка" се гради со финансиско партнерство на Општина Кисела Вода и Комерцијална Банка.

Општина Кисела Вода 

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан