• четврток, 26 март 2026

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Орце Ѓорѓиевски вечерва изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи. 

Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Амар Мециновиќ од Левица. 

При претставувањето на кандидатите за градоначалник на Скопје во дебатата на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал на Политички студии но дека нема дипломирано, дека работел различни работи, меѓу другото, и како фриленсер и дека се гордее со тоа. 

Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник,  рече дека за тоа треба да го прашаат тогаш и оти во понеделник можеби ќе биде победник. ев/дма/

Фото: Принтскрин   

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан