• петок, 20 јуни 2025

Ѓорѓиевски: Градот Скопје да постапи и да преземе мерки по еколошката хаварија во Пинтија

Ѓорѓиевски: Градот Скопје да постапи и да преземе мерки по еколошката хаварија во Пинтија

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва, преку својот фејсбук профил, го повика Град Скопје да постапи по еколошката хаварија во Пинтија.

Како што наведува Ѓорѓиевски, објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на Градот Скопје на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината.

Според него, граѓаните немаат причина за вознемиреност зашто Општина Кисела Вода ги презела сите мерки за заштита.

-Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија. Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството. Апелирам до градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности, подвлекува градоначалникот. мч/аа/

фото: ФБ на Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан