• понеделник, 16 март 2026

Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами

Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами

Мајами, 16 март 2026 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март.

Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик.

Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)).

Ѓоковиќ е 24-кратен шампион на Грен слем турнирите. Во кариерата има освоено 101 АТП титула во поединечна конкуренција. Моментално е трет во светот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан