• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ имал проблеми со мотивацијата откако Надал се повлече од тенисот

Ѓоковиќ имал проблеми со мотивацијата откако Надал се повлече од тенисот

 Њујорк, 25 мај 2025 (МИА) – Дваесет и четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, зборуваше за тоа како повлекувањето на Шпанецот од тенисот Рафаел Надал влијаело врз него.

- Кога Рафа си замина, ми беше тешко да останам мотивиран да се натпреварувам. Искрено, не мислев дека тоа ќе влијае на мене така, но еден дел од мене се согласи со тоа. Не знаев што да правам или како да се однесувам. Се чувствував обесхрабрен на теренот, но за среќа најдов други работи што ме инспирираат да продолжам да играм. По шест месеци, се чувствував многу подобро, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.

Надал се пензионираше во 2024 година на 38-годишна возраст. Вкупно, тој освои 92 титули во поединечна конкуренција во текот на својата кариера, вклучувајќи 22 гренд слем титули и 36 мастерс титули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан