Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата
- Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3).

Париз, 1 август 2024 (МИА) - Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3).
Мечот траеше два часа.
Ѓоковиќ се врати од 2:5 во вториот сет, спаси и три сет топки при резултат 4:5 во корист на Циципас. Србинот реализираше 3 од 6 брејк топки во текот на играта Гркот имаше 2 од 6.
Вториот светски рекет во полуфиналето на Олимписките игри ќе игра со Лоренцо Мусети од Италија.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Феликс Оже-Алисијам. зс/
Фото: ЕПА