• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ во четири сета го совлада Нори за осминафинале на УС Опен

Ѓоковиќ во четири сета го совлада Нори за осминафинале на УС Опен

 

Њујорк, 30 август 2025 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на УС Опен, откако го синоќа го совлада Британецот Камерон Нори со 6:4, 6(4):7, 6:2, 6:3.

Седмиот тенисер во светот дојде до победата над 35. тенисер на АТП листата по два часа и 49 минути.

Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Германецот Јан-Ленард Штруф.

Германецот Штруф (АТП-144), пласманот во осминафиналето го избори, откако во три сета го совлада Американецот Френсис Тиафо. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан