• недела, 22 декември 2024

„Шаоми“ ја претстави новата серија паметни телефони

„Шаоми“ ја претстави новата серија паметни телефони

Барселона, 30 април 2024 (МИА) - Со новата серија паметни телефони „Шаоми 14“, кинескиот технолошки гигант ги помести границите на фотографијата, велат познавачите. Се покажа дека професионалната камера може да се воведе и во секојдневна употреба, така што за добра фотографија е потребен само современ паметен телефон.

„Шаоми“ ја претстави 14-та серија паметни телефони на саемот во Барселона. Уредот работи на „Хајпер-ОС“ (HyperOS) со основите на „Aндроид 14“, а со помош на моќниот „Квалком снепдрагон 8 ген 3“ чип.

На задната страна има четири камери со квалитетот на 50 мегапиксели. Ултра-широката камера покрива 122 степени и благодарение на тоа и другите професионално-фотографски одлики, сликите ќе имаат одличен квалитет.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан