• недела, 22 декември 2024

Штрајк на вработените во Ајфеловата кула поради нејзино неодржување

Штрајк на вработените во Ајфеловата кула поради нејзино неодржување

Париз, 19 февруари 2024 (МИА) - Вработените на Ајфеловата кула во Париз денеска ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи.

Тие тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува, дека приходот е преценет, а трошоците за одржување се потценети, пренесува Ле паризиен.

„Ајфеловата кула вообичаено треба да се префарбува еднаш на секои седум години, а не е префарбана цели 14 години и почна да рѓосува“, изјави синдикалниот претставник Денис Вавасори.

„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба“, додаде Вавасори.

Вработените кои работат 30 години во фирмата за одржување на Кулата велат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.

Ајфеловата кула, која се наоѓа во близина на Сена, е изградена во 1889 година. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан