• недела, 15 ноември 2026

Штип објави повик за доделување на награди и стипендии за најдобрите ученици

Штип објави повик за доделување на награди и стипендии за најдобрите ученици

Штип, 21 октомври 2026 (МИА) - Општина Штип и годинава ќе ги награди најдобрите ученици. Објавен е нов јавен повик за доделување награди и стипендии за учениците кои постигнале  успеси на државни и меѓународни натпревари. Во соопштението од Општина Штип се наведува дека повикот се однесува на учениците од основните и средните  училишта за учебната 2025/2026 година. Учениците ќе можат да ги проверат условите за пријавување и потребната документација. 

-Општина Штип ги известува учениците од основните и средните општински училишта дека е објавен Јавен повик за пријавување за доделување награди и стипендии за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2025/2026 година- соопштија од општина Штип.

 Целта на доделување на наградите и стипендиите е да се поддржат успешните ученици, да се вреднува нивниот труд и знаење и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси во иднина. вдј/вј/

Фото: МИА