• четврток, 26 декември 2024

Штип избра фирма за хумано третирање на бездомните куќиња

Штип избра фирма за хумано третирање на бездомните куќиња

Штип, 8 јули 2022 (МИА) -  Општина Штип на вториот тендер избра оператор кој ќе се занимава со хумано третирање на бездомните кучиња. По првиот неуспешен обид, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека на вториот повик имало пријавено фирма која ги исполнува условите и ќе се грижи за заловување и хумано третирање на кучињата скитници.

-Завршена е постапката, избран е економски оператор кој ќе заловува, третира бездомни кучиња. Имавме огормен проблем и сѐ уште имаме затоа што стационарот кој бил направен пред неколку години и за кој се потрошиле милионски суми пари на граѓаните не функционира, нема соодветни стандарди и услови по кои е изработен и затоа тој проблем се провлекува и ден денеска, вели Јорданов.

Посочи дека економскиот оператор во наредните денови се очекува да потпише договор со Општина Штип, а тие и понатму бидат во комуникација и консултација со здруженијата за заштита на животни, кои ќе бидат надзор над економскиот оператор дали соодвестува со сѐ она што е предвидено во тендерската документација да ги заловува, третира и чува бездомните кучиња

Проблемот со кучињата скитници во Штип се провлекува со години, откако се прекина договорот со ветеринарната станица која како оператор се грижеше за киучињата оставени на улица.  Првиот јавен повик пропадна бидејќи немаше пријавено ниту една фирма која ги исполнува условите кои се бараа од страна на општината. вдј/сст/

Остани поврзан