• понеделник, 23 декември 2024

Штипјани втора година по ред не се искачуваат на тврдината Исар

Штипјани втора година по ред не се искачуваат на тврдината Исар
Штип, 22 март 2021 (МИА) - Снегот кој интензивно паѓа, но и забраната за собири ги спречи штипјани да се искачат на тврдината Исар. Празникот Свети Четириесeт маченици или меѓу штипјани познат како „Четр'се“ втора година не се одбележува масовно, со традицијата собирање на 40 каменчиња се до искачување на врвот на тврдината Исар. Триесет и деветте каменчиња се фрлаат кон реката Брегалница, а едно се чува и се става под перница, се верува дека младите го сонуваат својот избраник. Жителите на маалото Исар на овој ден прават 40 тиганици, односно мекици, а се пијат и по 40 чашки ракија. Локалната власт уште пред три дена објави дека и годинава поради пандемнијата и здравствените протоколи вековната традиција ќе изостане. Штип со празникот и вековната традиција за „Четр'се“ прв се најде на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО. вдј/рп/

Остани поврзан