• недела, 22 декември 2024

Штипјанец преку социјалните мрежи и упатувал закани на поранешната сопруга

Штипјанец преку социјалните мрежи и упатувал закани на поранешната сопруга

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Триесет и седумгодишен жител на Штип заработи кривична пријава поради основано сомневање дека на поранешната сопруга и упатувал закани преку социјалните мрежи.

-СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, наведуваат од МВР. вг/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан