Штипски „Исар“ го расчистува станот кој целосно изгоре пред речиси една недела
- По речиси една недела од пожарот во стан на улицата „Широк дол“ број 5 во Штип и денеска сè уште се работеше на расчистување на изгорената покуќнина, картони и пластика, кои ги собирала стана

Штип, 29 октомври 2022 (МИА) - По речиси една недела од пожарот во стан на улицата „Широк дол“ број 5 во Штип и денеска сè уште се работеше на расчистување на изгорената покуќнина, картони и пластика, кои ги собирала станарката.
Вработените од штипски „Исар“ велат дека само денеска се исфрлени пет приколки со ѓубре, а според она што го затекнавме на самото место имаат уште многу да сработат. Станарите се задоволни од општината и градоначалникот, направен е увид за санирање на штетата и очекуваат обесштетување.