• петок, 22 ноември 2024

Штипските јавни претпријатија ќе се подноват со механизација

Штипските јавни претпријатија ќе се подноват со механизација
Штип, 8 август 2022 (МИА) - Општина Штип ќе ја подновува градежната механизација на двете јавни претпријатија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска појасни зошто советниците донеле одлука за купување механизација на лизинг. Посочи дека механизацијата која ја имаат „Исар“ и  „Стипион“ е стара и амортизирана, а со набавката на нови машини ќе се штеди на време и ресурси, а истовремено како што вели, придобивките ќе ги забележат сите граѓани. -Општина Штип ќе започне постапка за набавка на мехнизација со која ќе управуваат јавните претпријатија. Станува збор за замена на старата дотраена механизациј, која досега ја користеа јавните претпријатија, затоа што честопати се расипува и е нефункционална, а исто така огромни средства во изминатите години се трошеа од страна на општината за рентање на механизација, ова ќе биде минато, вели Јорданов. Финансиските средства ќе бидат дополнително одредени, кога ќе биде објавен јавен тендер и компаниите ќе ги достават понудите. Планирана е набавка на неколку типа багери и еден камион. вдј/рп/

Остани поврзан