• петок, 22 ноември 2024

Штипските училишта ги почитуваат дадените насоки при дојава за бомба

Штипските училишта ги почитуваат дадените насоки при дојава за бомба

Штип, 8 март 2023 (МИА) - Раководствата на училиштата имаат остварено средба со претставници од СВР Штип и уште од почетокот на оваа седмица ги почитуваат и практикуваат насоките кои им се дадени при добиена дојава за бомба.

Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип вели дека од Министерството за образование нема пристигнато допис за тоа како би се одвивала наставата при евентуална дојава на лажна болмба до Одделението за образование при Општина Штип.

-Министерството за внатрешни работи на цела територија на држават има преземено одредени мерки, со кои се налага на училиштата да преземат одредени активности по коишто ќе се постапува во случај на дојава за поставена експлозивна направа, и  во Општина Штип има остварено контакти со раководствата на училиштата, значи меѓу СВР Штип и директорите на училиштата, каде што се дадени конкретни насоки. Инаку, ние како Општина немаме добиено официјални соопштенија или мејл-известувања коишто ќе ни дадат одредени насоки да ги информираме училиштата од МОН, вели  Санева.

Во Штип наставата се следи непречено и досега училиштата немаат добиено лажни дојави за бомби. вдј/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан