• сабота, 23 ноември 2024

Штипските пожарникари одбележаа сто години од формирањето на Противпожарниот дом

Штипските пожарникари одбележаа сто години од формирањето на Противпожарниот дом

Штип, 20 мај 2020 (МИА) - Штипските пожарникари денеска скромно во услови на посебни мерки го одбележаа Денот на пожарникарите. Во ТППЕ- Штип вработени се 33 пожарникари, а гасната оган на територија на општините Штип и Карбинци.

Во посета на ТППЕ-Штип денеска беше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кои се заблагодари на нивниот дополнителен ангажман при дезинфекција на улиците и станбените згради во градот. Најави дека наскоро ќе ја добијат и личната заштитна опрема, за чија набавка се распишува нов тендер.

-Имам огромна чест да го честитам денешниот ден на пожарникарите ,а воедно и сто годишнината од формирањето  на ТППЕ -Штип. Огромна благодарност до нашите пожарникари кои освен нивните редовни активности обавуваа сериозни задачи во справување со Корона вирусот затоа што беа во првите борбени редови со нашите волонтери и  Јавните претпријатија. Пожарникарите со нивното знаење и стручност во овој период постапуваа по  насоките  на Штабот за заштита и спасување  и придонесоа да се стиши пандемијата во градот, вели Бочварски.

Тој најави дека со европски пари се очекува и набавка на ново возило.

-Сакам да ја информираме јавноста дека веќе имаме аплицирано за ново специјализирано возило за ТППЕ со проект за прекугранична соработка со нашите партнери од Бугарија. Во наредните месеци ја очекуваме завршна фаза од апликацијата и распишување постапка за Јавна набавка, вели Бочварски.

Забележа дека изминатиот период имал и средби со претставници на синдикатот, со што сите обврски и побарување се исплатени кон пожарникарите. Смета дека со заеднички договор се решаваат проблемите. Прашан дали ќе се мени локацијата на штипскиот Противпожарен дом, Бочварски истакна дека оваа локална власт нема цел да ја дислоцира во друг дел на градот, туку смета дека оваа локација е погодна и е согласно законските пропишани норми.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека пожарникарите денеска го слават и Денот на пожарникарите но и јубилејот сто години од постоењето на ТППЕ- Штип

ППЕ-Штип има 24 часовно дежурство и сме отворени за сите повици. Во овој период активно се вклучивме  во борбата со Корона вирусот со дезинфекција на јавно прометни површини, плоштади, станбени објекти, вели Анастасов.

Тој истакна дека граѓаните освен за интервенции на запалени стрништа, шуми, објекти ги повикуваат и за да интервенираат при вадење на змии од под автомобилите, како и да симнат мачиња од некое дрво. вдј/ир

Остани поврзан