• четврток, 04 јули 2024

Штипската населба Кадидере доби ново игралиште

Штипската населба Кадидере доби ново игралиште
Штип, 26 септември 2022 (МИА) - Спортско игралиште во штипската населбата Кадидере денеска беше пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван  Јорданов, директорите на јавните претпријатија и советници од Општината. Целта е, како што вели Јорданов, да се поттикнат сите генерации да спортуваат и да бидат физички активни. - Во населбата Кадидeре, на ул. „Личка“, одлучивме во изминатиов период да го направиме ова фудбалско игралиште со подлога со вештачка трева, затоа што затекнавме едно руинирано игралиште кое со години беше запоставено, уништено, неодржувано. Одлучивме да инвестираме затоа што имаше барање и потреба од околните жители, вели Јорданов. Игралиштето претходно е изградено и уредено од штипска општествено – одговорна компанија, а денес беше модернизирано од истата компанија во соработка со Општина Штип. Освен уредување, игралиштето добива и целосно осветлување. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милони денари. вдј/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан