• сабота, 06 јули 2024

Штипската изборна комисија официјално објави резултати од 40 избирачки места

Штипската изборна комисија официјално објави резултати од 40 избирачки места

Штип, 13 декември 2020 (МИА) - Во Општинската изборна комисија (ОИК) Штип се уште пристигнуваат гласачките кутии од 77 избирачки одбори, во моментов се преброени гласовите од вкупно 40 избирачки места.

Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА вели дека на овие 40 избирачки места гласале 4.891 граѓанини, од кои 3.963 се за кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов, а останатите гласови се за другите четворица кандидати. Неважечки ливчиња се 368 од 40 те избирачки кутии. Официјалните резултати од Општинската зиборна комсија се очекуваат за 40 тина минути, кога се очекува да се пребројат и гласовите од останатите 37 избирачки места.

Штип денеска имаше мирни, фер и демокртаски избори, а во 21 часот победа прогласи кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов на прес-конференција на која се обратија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар, Љупчо Николовски и поранешниот градоначалник и актуелен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски. вдј/лв/

 

Остани поврзан