• понеделник, 23 декември 2024

Шпан: Ситуацијата со тешка, потребен е карантин

Шпан: Ситуацијата со тешка, потребен е карантин
Берлин, 10 декември 2020 (МИА) - Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска изјави дека земјата е во тешка фаза од пандемијата и оти би требало да се  затвори одредени региони за време на божиќните и новогодишните празници, со цел да се стави под контрола ширењето на инфекцијата. Тој пред Бундестагот изјави дека бројот на инфицирани лица со Ковид-19 е „премногу висок“ и исправно е е регионите со висока стапка на заразеност да воведат дополнителни рестрикции. Шпан ги повика граѓаните да ги намалат контактите. И директорот за Институтот за инфективни болести Роберт Кох, Лотар Вајлер упати апел до граѓаните да не патуваат за време на божиќните празници. - Луѓето досега ги намалија контактите во просек за околу 40 проценти, но потребно е да се намалат за 60 отсто за да се намали бројот на инфекци. Ако луѓето сами не можат да постигнат намалување до 60 проценти, ќе мора да бидат разгледани други мерки. Ако не успеат, не гледам друга можност, истакна Вајлер. Во Германија во сила е шестнеделен делумен карантин, затворени се баровите и рестораните, но отворени се продавниците и училиштата. Според податоците на Институтот во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починаа 440 луѓе. ми/

Остани поврзан