• сабота, 07 март 2026

Шпанските фудбалски судии ќе бидат опремени со камери

Шпанските фудбалски судии ќе бидат опремени со камери

Мадрид, 7 март 2026 (МИА) – Кралската шпанска фудбалска федерација и Шпанската професионална фудбалска лига објавија дека специјални микро камери ќе бидат тестирани на два натпревара од шпанското првенство. Тие ќе бидат инсталирани на судиите што ги водат натпреварите Валенсија – Алавес и Еспањол – Овиедо на 8 и 9 март.

Видео и аудиоснимките направени од овие камери засега нема да се користат за време на телевизиските преноси.

Фудбалските власти во моментов само ја тестираат опремата. Сепак, тие планираат да ги вклучат пренесените слики во телевизиските преноси во блиска иднина.

Целта на експериментот е „да се направи работата на судиите потранспарентна и да им се покаже на навивачите што се случува за време на натпреварот“.

Слични микро камери беа тестирани за време на минатогодишното Светско клупско првенство. Во тоа време, емитувачот ги користеше снимките за време на телевизиските преноси. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан