Шпанија и Велика Британија постигнаа начелен договор за Гибралтар
- Лондон и Мадрид постигнаа „начелен договоро“ за Гибралтар со кој ќе се овозможи слободно движење на границата помеѓу Шпанија и британската енклава, изјави денеска шефицата на шпанската диплом

Мадрид, 31 декември 2020 (МИА) - Лондон и Мадрид постигнаа „начелен договоро“ за Гибралтар со кој ќе се овозможи слободно движење на границата помеѓу Шпанија и британската енклава, изјави денеска шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја.
Договорот е постигнат неколку часа пред истекот на транзицискиот период по излезот на Велика Британија од Европска Унија. Со договорот ќе биде избегнато границата помеѓу Гибралтар и Шпанија да стане „цврста“ граница помеѓу Велика Британија и ЕУ.
Велика Британија на 31 јануари излезе од ЕУ (Брегзит), а денеска истекува преодниот период кога Лондон излегува и од единствениот пазар на ЕУ и од царинската унија. Лондон и Брисел потпишаа Договор за трговските односи по 1 јануари 2021 година. ми/