• понеделник, 15 јули 2024

Шпанија го освои Евро 2024

Шпанија го освои Евро 2024

Берлин, 14 јули 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Шпанија ја вечерва во Берлин ја победи Англија и стана победник на Европското фудбалско првенство 2024.

Нико Вилијамс во 47. и Микел Ојарзабал во 86. минута погодија за Шпанците. Англичаните постигнаа гол преку Кол Палмер во 73. минута.

Шпанија по четврти пат стана европски првак, што е рекорд меѓу сите европски селекции. Претходно, Шпанците победија во 1964, 2008 и 2012 година. 

Англија вторпат по ред го загуби финалето на Европско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан