• петок, 22 ноември 2024

Шојгу: Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили

Шојгу:  Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили

Москва, 3 октомври 2023 (МИА) - Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили и им нанесе сериозна штета, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Преку активни дејствија нашата армија значително го ослабна борбениот потенцијал на противникот и му нанесе сериозна штета“, рече Шојгу на средбата со лидерите на руските вооружени сили.

Тој додаде дека „во руската армија има доволно војници кои водат специјална воена операција и дека не се планира дополнителна мобилизација“.

„Нема дополнителни планови за мобилизација во Генералштабот. Вооружените сили располагаат со потребниот број војници за извршување специјална воена операција. За тоа во голема мера придонесува силниот патриотски однос на нашите граѓани кои активно ги пополнуваат редовите на бранители на татковината“, рече Шојгу.

Тој истакна дека стапката на смртност меѓу ранетите руски војници во болниците е 0,43 отсто и дека и натаму се намалува.

Министерот нагласи дека воените лекари покажуваат професионалност и храброст, изведувајќи операции кои ги спасуваат животите и здравјето на руските војници.

„Во непосредна близина на контактната линија се поставени теренски болници, со искусни хирурзи од централните медицински установи. Стапката на преживување на ранетите е неколкукратно зголемена. Благодарение на оперативната помош на бојното поле, навремената евакуација и високотехнолошката медицинска асистенција, над 98 отсто од повредените се оздравени“, рече министерот Шојгу. паг/

фото: ЕПА

Остани поврзан