• недела, 22 декември 2024

Шојгу: Русија „методски го спроведува“ планот во источна Украина

Шојгу: Русија „методски го спроведува“ планот во источна Украина
Москва, 19 април 2022 (МИА) - Руските сили „методично ги спроведуваат“ плановите за „ослободување“ на двата одметнати региони во источна Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој рече дека со вооружувањето на Украина, Западот прави се што може за да ја продолжи воената операција на Москва.
Западните земји и дадоа на Украина воена опрема вредна милијарди долари, а само САД понудија помош од над 2,5 милијарди долари.
„САД и западните земји под нивна контрола прават се за да ја продолжат специјалната воена операција што е можно подолго. Зголемениот обем на залихи на странско оружје јасно ги демонстрира нивните намери да го испровоцираат киевскиот режим да се бори до последниот Украинец, рече Шојгу. паг/
     

Остани поврзан