• понеделник, 18 ноември 2024

Шојгу: Околу 16.000 доброволци се подготвени да се борат во Донбас

Шојгу: Околу 16.000 доброволци се подготвени да се борат во Донбас
Москва, 11 март 2022 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот на Советот за безбедност на Русија изјави дека 16.000 доброволци од Блискиот Исток се подготвени да се борат во Донбас. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин поддржа доброволци да се борат, во како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина. - Ако видите дека има луѓе кои сакаат на доброволна основа (да им помогнат на сепаратистите во Источна Украина), тогаш треба да се сретнете со нив на половина пат и да им помогнете да се префрлат во борбени зони, му рече Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за време на состанокот на Советот за безбедност, што беше пренесуван во живо на руските државни телевизиски медиуми. Путин одобри и противтенковските преносни ракетни фрлачи Џавелин и Стингер, запленети од страна  на руската армија во Украина, да им бидат предадени на силите во Донбас. ми/

Остани поврзан