• петок, 15 ноември 2024

Шорцот на Мухамед Али од легендарната борба во Манила на аукција

Шорцот на Мухамед Али од легендарната борба во Манила на аукција

 

Њујорк, 5 април 2024 година (МИА) – Шорцот што го носеше боксерот Мухамед Али во познатата борба „Трилер во Манила“ против Џо Фрејзер ќе се најде на аукција следната недела и се очекува да достигне цена од повеќе од шест милиони долари.

Белито сатенски шорцот ќе биде ставен на продажба од реномираната аукциска куќа Сотби в четврток, а понудата веќе достигна 3,8 милиони долари, јави Би-би-си.

Аукцијата во филијалата на Сотби во Њујорк ќе трае до 12 април.

Легендарната борба „Трилер во Манила“ се одржа во октомври 1975 година во главниот град на Филипините и е една од најважните борби во историјата на боксот.ег

Остани поврзан