• понеделник, 23 декември 2024

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис

Шангај, 16 април 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали.

Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

На прашање на студент - дали тој ќе мора да пуши канабис ако одлучи да студира во Германија, Шолц одговори дека не сите студенти во Германија земаат полесни опојни дроги.

- Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, туку сакаме помалку луѓе да го прават тоа. Сакаме повеќе јавна едукација за тоа. Одговорот е едноставен: Не пушете. Јас оваа година ќе полнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис, изјави Шолц.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде што денеска во Пекинг ќе има средби со раководството на земјата. Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе во Германија конзумирале канабис.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан