• понеделник, 23 декември 2024

Шолц: Доколку бидат испорачани на Киев ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва

Шолц: Доколку бидат испорачани на Киев ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва

Берлин, 1 март 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на таканаречениот „Јавен дијалог“ во Дрезден, го повтори својот веќе познат став, да не се дозволи испраќање на ракетите “Таурус“ во Украина, објави Укринформ.

Овој пат, аргументите на Шолц во поддршка на неговиот став беа дека ракетите од германско производство може потенцијално да се користат против цели во руската престолнина.

Шефот на германската Влада изјави дека „Таурус“, чиј домет е до 500 километри, може да ја погоди која било конкретна цел во Москва, доколку се користи неправилно.

Шолц додаде дека „и покрај сета дипломатска апстрактност, другите земји, исто така, се погрижија да знаат каде точно паѓаат нивните оружја.“ 

-Во случајот на Германија, тоа би значело вклучување германски експерти за ракетно програмирање за да се гарантира дека ракетите нема да летаат кон погрешни цели, истакна Шолц.

Германскиот канцелар неколку пати изјави дека нивните ракети се многу покомплексен систем од француските и британските.

-Верувам дека тоа е невозможно. Од самиот почеток јасно кажав: нема да има германски војници, војници на НАТО во Украина, а мојот став останува непроменет, нагласи канцеларот.

Шолц посочи дека НАТО и другите сојузници не треба да станат дел од конфликтот.

-Ќе спречиме ескалација, војна меѓу Русија и НАТО, нагласи германскиот политичар.

Тој, исто така, призна дека е иритиран од критиките за неговата одлука да не испраќа ракети „Таурус“ во Украина, бидејќи многумина забораваа дека Берлин испратил „многу повеќе од тоа“. Германија е втор најголем снабдувач на оружје во Украина, и ако американскиот Конгрес не успее во обидот да гласа повеќе пари за Киев, Германија ќе биде на врвот на листата на донатори. Канцеларот наведе голем број системи за оружје што Берлин им ги испратил, паралелно со другите партнери, вклучувајќи тенкови, ракетни фрлачи, системи за противвоздушна одбрана и друго. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан