• недела, 22 декември 2024

Шолц: Германија ќе ја „преживее“ зимата и покрај енергетските проблеми

Шолц: Германија ќе ја „преживее“ зимата и покрај енергетските проблеми
Берлин, 7 септември 2022 (МИА) – Германија е во добра позиција да ја „преживее“ зимата и покрај проблемите на енергетскиот пазар, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. Шолц вети дека Германија ќе продолжи да се движи „со голема брзина“ во ослободување од Русија во однос на енергентите. Тој им се обрати на парламентарците во Бундестагот, каде ја критикуваше енергетската политика на поранешната канцеларка Ангела Меркел. – Германија ефикасно работеше на пополнување на резервите на гас и забрзување на изградбата на терминали способни да примаат течен гас. Резервите на гас се над 86 отсто од капацитетот и ќе се користат за загревање домови, производство на електрична енергија и одржување на индустријата, рече Шолц. Тој оцени дека, бидејќи подготовките почнале рано, Германија сега може „храбро да се соочи со зимата“ и оти „државата ќе преживее“. јт/

Остани поврзан