• четврток, 14 ноември 2024

Шмихал ја повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови

Шмихал ја повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови
Киев, 2 септември 2022 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал повика Германија да го снабди Киев со модерни борбени тенкови за да им помогне на вооружените сили да се борат против руската инвазија, јави ДПА. Потребна е промена во филозофијата, изјави Шмихал за ДПА, во однос на испораките на оружје. Викендов планирана е негова посета на Берлин. Како што појасни Шмихал, Киев очекуваше САД да го снабдат со тенкови „Абрамс“, а Германија со „Леопард 2с“, што ќе ги искористат на бојното поле. Директно снабдување со борбени тенкови и возила на пешадија на Украина, останува нешто како табу тема во Германија, каде јавноста е обично внимателна за каква било странска воена интервенција. Ниту една друга членка на НАТО досега не обезбеди вакви системи за оружје за Украина, наведува германската агенција. Шмихал треба да пристигне во Берлин утре, а ќе биде пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц в недела. Тој ќе биде највисокиот украински политичар кој ќе го посети Берлин откако Русија изврши инвазија врз Украина, пред нешто повеќе од шест месеци. бд/сд/

Остани поврзан