• понеделник, 23 декември 2024

Шмит: Меѓународната заедница ќе ја заштити БиХ

Шмит: Меѓународната заедница ќе ја заштити БиХ

Сараево, 6 декември 2023 (МИА) - Високиот мешународен претставник за БиХ, Кристијан Шмит, денеска изјави дека меѓународната заедница останува одлучна да ја заштити таа земја од сите внатрешни и надворешни закани и да ја поддржи нејзината интеграција во Европската Унија.

По дводневниот состанок на Управниот комитет на Советот за имплементација на мирот во БиХ, на кој се разгледуваше ситуацијата во земјата, Шмит им рече на новинарите дека заклучокот е дека БиХ дефинитивно е на крстопат.

„Луѓето во оваа земја никогаш не биле поблиску до интегрирање во ЕУ. Постои можност таа да биде уште поблиску во наредните месеци“, рече Шмит, нагласувајќи дека треба да се има предвид дека очекуваното отворање на преговорите за членството во ЕУ во март е само почеток и никако крај на еден тежок процес.

Тој рече дека и покрај постигнатиот напредок, не е време за опуштање, туку за соочување со предизвиците, а проблемот го гледа во тоа што некои политичари во Босна и Херцеговина не ја разбираат својата одговорност за ова. Тој посебно повика на брзо усвојување на измените на изборниот закон во техничкиот дел, неопходни за да се обезбеди интегритет на изборниот процес, односно транспарентен процес на пребројување на гласачките ливчиња. ссм/

фото: архива

Остани поврзан