• четврток, 30 јануари 2025

Шкрињар кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче

Шкрињар кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче

Милано, 28 јануари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на ПСЖ, Милан Шкриниар е блиску до потпишување договор со Фенербахче, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, страните се договориле да го изнајмат 29-годишниот Словак до крајот на сезоната.

Актуелниот договор на играчот со парискиот клуб е до 2028 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра.

Оваа сезона Шкрињар настапи на само пет натпревари за парискиот тим и нема постигнато ниту еден гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан