• вторник, 17 декември 2024

Шкријељ: Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари

Шкријељ: Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари
Скопје, 23 февруари 2022 Собранието денеска го изгласа Законот за минимална плата, со кој обезбедуваме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари. Ова законско решение е резултат на конструктивен и транспарентен социјален дијалог меѓу Владата, синдикатот и работодавачите. Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме повисок животен стандард за нашите граѓани. Грижата за работниците е наш врвен приоритет бидејќи тие се наша најголема вредност. Затоа за само четири и пол години успеавме двојно да ја зголемиме минималната плата, којашто во 2017 година изнесуваше само 8.800 денари. Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори. Го поздравувам потегот на пратениците од опозицијата кои го поддржаа ова законско решение и ги повикувам да ги поддржат и Предлог-измените во Законот за наставници и стручни соработници кој овозможува повисока плата за уште 27.000 наши граѓани. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е посветено на унапредување на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, изјава за медиуми на Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан