• петок, 05 декември 2025

Шкотски министер: Британската Влада утре ќе го пречека Трамп со „топло добредојде“

Шкотски министер: Британската Влада утре ќе го пречека Трамп со „топло добредојде“

Лондон, 24 јули 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, утре ќе биде „топло пречекан“ од британската влада при неговото пристигнување во Шкотска, изјави шкотскиот министер Иан Мареј.

Трамп за време на четиридневната посета се очекува да ги посети своите два голф-клуба во Абердиншир и Саут Ершајр.

Според PA Media, Мареј ќе го пречека Трамп на аеродромот, а се очекува претседателот да се сретне и со премиерот Кир Стармер и првиот министер на Шкотска, Џон Свини.

- Секако дека ќе има топол пречек, рече Мареј за Би-Би-Си Радио Шкотска. - Тоа е во национален интерес, особено кога станува збор за одбраната, безбедноста, економијата и трговскиот договор со САД, потенцираше тој.

Изјавата на Мареј доаѓа и покрај тоа што во 2019 година, како опозициски пратеник, поддржа резолуција во парламентот со која Трамп се осудува за „мизогинија, расизам и ксенофобија“.

На прашање за таа резолуција, Мареј избегна директен одговор и повтори колку е важна соработката со САД.

Опозицискиот секретар за Шкотска, Ендру Бауи, го обвини Мареј дека нема кредибилно објаснување и дека „сега мора да се однесува како возрасен политичар“.

Се очекуваат протести во некои делови од Шкотска, а полицијата ќе биде под голем притисок, поради што се повикани дополнителни сили од другите делови на Обединетото Кралство.

Сепак, шкотскиот премиер Свини изјави дека посетата на Трамп нема да ја наруши работата на полицијата. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан