Шкотската премиерка го одби новиот слоган на Џонсон
- Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема да го користи новиот слоган на британската Влада „Биди внимателен, контролирај го вирусот и спаси животи“.

Единбург, 10 мај 2020 (МИА) - Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема да го користи новиот слоган на британската Влада „Биди внимателен, контролирај го вирусот и спаси животи“.
Таа на Твитер напиша дека нејзината влада не била консултирана за таа промена и дека новиот слоган на британскиот премиер Борис Џонсон првпат го прочитала во утринскиот печат, пренесува Би-Би-Си.
- Секако, тој треба да одлучи што е најсоодветно за Англија, но, со оглед на критичниот момент во борбата против коронавирусот, мојата јасна порака за Шкотска во оваа фаза останува - „Останете дома, спасете животи“, наведе Старџен. паг/