Шкендија со предност патува на реваншот
- Македонскиот првак со минимална победа во второто квалификациско коло
Македонскиот шампион успеа да извојува минимална победа од 1:0 во првиот квалификациски од втората рунда. Шкендија го совлада романскиот шампион ФЦСБ со 1:0 полувреме 0:0.
По изедначеното полувреме без голови Шкендија единствениот гол го постигна во 65 минута. Стрелец беше Роналдо Вебстер.
Шест минути подоцна Шкендија остана со играч помалку по црвениот картон на Камер Џака. Но, во 79.минута црвен картон доби и Флориан Танасе од ФЦСБ.
Реванш натпреварот се игра на 29.јули во Букурешт.